Вебинар

Зошто и како до кариера во ИТ секторот?


Изборот на кариерен пат понекогаш знае да биде и доста комплициран процес. Не е доволно да го пронајдете тоа што најмногу се бара во моментот, многу побитно е тоа да се пронајдете себе си во тој кариерен пат и целосно да се фокусирате на тоа. Секој кој се одлучил на ваков потег и ја избрал совшената кариерна трансформација, со сигурност може да каже дека не е се така лесно како што изгледа, но секогаш крајниот резултат е тоа што не исполнува и прави горди.

Една од индустриите за која и ден денес расте побарувачката на нови кадри е ИТ индустријата. Таа се смета како една од најплатените индустрии нo исто така и ндустрија во која се бара постојано учење како и следење на новите трендови и технологии.

Како да дознаете дали ИТ секоторот е токму за вас. Прочитајте ги следните карактеристики и размислете дали поседувате некои од нив.

  1. Вие сте постојано фасциниран со технологијата и како таа работи, едноставно не можете да му одолеете.

  2. Не останувате реамнодушен при решавање на проблеми

  3. Секој ве бара вас кога ке има пробелми со неговиот компјутер

  4. Вие сакате стратегии и компјутерски игри

  5. Вие сте креативни

  6. Можете да работите во тим.

Доколку вие како поединец се пронајдовте барем во три од 6 – те наведени карактеристики, ве покануваме да учествувате на вебинарот кој го организира Бинтерн на темата Зошто и како до кариера во ИТ секторот, каде што учество ке земат стручни лица од ИТ компаниите со долгогодишно исксутво и со вас ке споделат искуства но и совети како да започните да ја градите вашата кариера во ИТ секторот.

Сите кои сте заинтересирани да учествувате на настанот ве молиме пријавете се на следниот линк.

https://www.facebook.com/events/546251756338341/?