Зошто компаниите треба да градат вработени?

Постојат многу причини зошто компаниите треба да започнат со градење на свои вработени🙌.
Кога зборуваме за вработените тие се најголемата актива која ја има компанијата, нивното знаење, вештини, вредности и идеи се најголемата вредност која една компанија ја има.
Кога зборуваме за градење на вработени зборуваме за можност компаниите да пронајдат луѓе со потенцијал и амбиција кои имаат желба да учат и да се надоградуваат и да ја донесат новата вредност за компанијата.
Но, како да се најдат тие луѓе и на кој начин може да се изградат како вработени. Тие луѓе со потенцијал се студентите кои се во завршна година на студии или имаат дипломирано скоро. Овие млади луѓе се полни со амбиција и се така кажано "гладни" за успех.
Но, имаат еден недостиг кој компаниите треба да им го пополнат, тој недостиг е немањето на доволно практично искуство и знаење.
Преку процесот на практикантство компаниите имаат можност да ги едуцираат младите и амбициозни студенти и дипломци, и да ги креираат од нивни потенцијални вработени. На тој начин компаниите добиваат вработени кои им носат најмногу резултат бидејќи, точно тие им ја вградиле формулата за успех.
Многу компании се насочени кон наоѓање на "спремен" вработен или "off the shelf" но да бидеме реални, колку луѓе можеме да пронајдеме со повеќе од 3 години работно искуство, одговорот е јасен многу малку. И исто така дали тој човек со искуство ја има таа мотивација и желба за учење и напредок како некој млад и амбициозен студент/дипломец.
Затоа тука е Бинтерн, преку кој можете да го изградите вашиот иден вработен.
Од погоре кажаното можеме да заклучиме дека постојат многу причини зошто компаниите треба да вложуваат време и ресурси во градење на своите идни вработени, и зголемување и издигнување на човечкиот капитал на следно ниво.
Дали тоа ќе биде лесно, секако дека не, но доколку размислуваме на долг рок тогаш одговор е јасен како ден.
Доколку сте заинтересирани да изградите вработени преку практиканти тогаш Bintern е вистинското место за вас ги поврзува студентите и работобарателите со компаниите за пракса и идно вработување.