Вештини кои ќе треба да се изградат за новиот начин на работа, пост-пандемија

Во изминатата година, пандемијата брзо и драматично ја забрза потребата за нови вештини на вработените во компаниите. Брзиот пораст на дигитализацијата и работата од дома постави нови барања за вработените кои, во многу случаи, сега им се потребни различни вештини за се вклопат во значајни промени во начинот на извршување на работата и на деловните приоритети што ги поставуваат нивните компании.
Истражувањата сугерираат дека потребата за решавање на празнините во вештините е поитна од кога било. Мнозинството од испитаниците (58 проценти) велат дека затворањето на празнините во вештините во работната сила на нивните компании станало повисок приоритет од почетокот на пандемијата.
Петте клучни активности за затворање на овие празнини се вработување, склучување договори, прераспоредување, ослободување и градење на вештини во рамките на сегашната работна сила, а градењето вештини е многу поприсутно сега отколку што беше пред пандемијата.
Резултатите, исто така, укажуваат на промена во најважните вештини што треба да се развијат, тие имаат тенденција да бидат социјални и емоционални по природа: на пример, емпатија, лидерство и приспособливост.
Фокусот е ставен на “soft skills” и напредни когнитивни вештини
Во истражувањето биле прашани за 25 специфични вештини на кои компаниите им дале приоритет да ги решат преку преквалификување, а повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека се фокусираат на развој на вештини кано лидерство, критичко размислување, донесување одлуки и вештини за управување со проекти. Во споредба со резултатите од 2019 година, многу од вештините каде што испитаниците пријавиле најголемо зголемување на фокусот спаѓаат во две категории: социјални и емоционални вештини (кои претставуваат три од петте најголеми зголемувања) и напредни когнитивни вештини.
Основните дигитални вештини, исто така, станаа јасен приоритет за компаниите од почетокот на пандемијата. Им се дадава приоритет на технолошкиот дизајн, инженерството и одржувањето.
На следната слика можете да ја видите промената на потебата на вештините 👇
Со оваа промена на сите ќе им е потребно надоградување на овие вештини, ако сте заинтересирани за ваков тип на напредок бидете спремни затоа што во иднина Bintern ќе организира онлајн вебинари за "Soft skills" тренинзи.