Интервју

Успешна приказна на еден Front-end Developer


Млад ентузијаст кој само што го започна да го остварува својот кариерен сон во ИТ секторот. Се запрашувате за кого ќе зборуваме?

Ќе зборуваме за Никола Доневски студент на ФИКТ но исто така е вработен во Gecko-ict тој уште на 23 годишна возраст си го оствари својот кариерен сон Го запрашавме што конкретно работи тој? Накратко ни одговори дека работи како Frontend developer поточно со React.js и Angular програмски алатки. Што беше она што те поттикна да започнеш кариера во ИТ секторот? Кога бев уште средно училиште бев заинтересиран во програмирањето, па не ми претставуваше проблем да се одлучам на што да се запишам на високо образование, одлучувачкиот моментот кога се решив да излезам од комфортната зона и да го проширам своето знаење беше одлучувачко. Се пријавив на работните групи под менторство на Интерворкс, потоа бев во едукативниот центар на Интерворкс што ми донесе успешно интервју во Gecko Ict и работно место.

Дали некогаш си посетувал пракса? Доколку одговорот е ‘Да’, дали можеш да ни објасниш подетално кои се предностите за посетување на пракса?

Да. Предностите за учествувањето на праксата е во тоа што се надоградив од теоретскиот дел на факултетoт со практични примери, добивав нови задачи од кои многу научив во областа на фронтенд технологиите, имав простор и време за учење, добивав исто така и совет од поискусните и тоа ми беше како одличен booster.

Доколку и вие сте во потрага по пракса или вработување, ве охрабруваме да аплицирате преку нашата платформа и поченете да го остварувате вашиот кариерен сон во било која сфера. https://bintern.com/

На какви проекти работиш сега?

Работиме на големи проекти во тимови кои имаат прилично интересни таскови.

Зошто баш FrontEnd Developer?

Frontend била гранката од програмирањето која секогаш ме привлекувала.

Кое е твоето мото што те води низ целиот живот?

Никогаш не се откажувајте пробувајте се додека не успеете.

Доколку вие како поединец се пронаоѓате во ИТ секторот поточно како Frontend developer, ве охрабруваме да започнете да учите и да се надградувате се со цел побрзо остварување на вашата цел.

Во остварувањето на вашата цел ќе ви помогнат Kimicom кој нудат курсеви за Frontend developer по најповолни цени на пазарот предавани од професионалци во секторот со долгогодишно искуство. За регистрирани корисници на платформата на Бинтерн ви нудиме 10% попуст доколку се одлучите да се пријавите на курсот истото може да го направите преку marketing@bintern.com или преку следниот линк https://bintern.com/kontakt.

И за крај каков совет би им дал на оние кои сакаат да изградуваат кариера во ИТ секторот?

Пред се би им препорачал да не се откажуваат на првата препрека, бидејќи секојдневно наидуваме на нови предизвици. Ова е професија во која нема тапкање во место, секојдневно учиме нешто ново и одлична е за ентузијасти. На сите студенти би им препорачал да ги посетуваат работните групи, додека тие што не се студенти би им препорачал да пробаат да го надоградат своето искуство со самостојно учење, или да посетат академија.