Склучена нова соработка помеѓу Bintern и ИВ Едукативен Центар

Денеска беше склучен нов меморандум за соработка помеѓу Bintern и ИВ Едукативен центар.
Овoј меморандум претставува уште еден во низата кои беа потпишани изминатиот месец, се со цел да им се обезбеди на студентите по завршувањето на нивното формално или неформално образование, да можат многу полесно и побрзо своите научени вештини да ги применуваат во реалниот свет како практиканти или како вработени.
Со овој договор им се дава можност за полесно пронаоѓање на работа или пракса преку платформата Bintern, на студентите кои веќе го завршиле или треба да го завршат своето школување на некоја од академиите и обуките кои ги нуди ИВ Едукативниот центар.
Исто така ИВ Едукативниот центар им се придружи на ред други образовни институции кои склучија договор за соработка со Bintern, и тоа со заедничка цел да им обезбеди полесен пристап до пракса и работа на нивните студенти кои завршиле еден од нивните курсеви и академии како што се: Академија за компјутерски науки и развивање софтвер (Базирана на Java и JavaScript), Front-end – React и Angular, подготвителен курс за развој на софтвер, комплетен курс за тестери и многу други.
Со цел да им се помогне на студентите на овие курсеви и академии беше склучен и овој нов меморандум за соработка помеѓу водечкиот центар за едукација во Битолскиот регион - ИВ едукативен центар и Bintern со што можеме да го потврдиме залагањето на двете страни кон зголемувањето на практичните вештини и помагање на младите полесно да стигнат до работа во ИТ.
Bintern е секогаш тука за да ви помогне да ја започнете вашата кариера уште веднаш.
Доколку сте размислувале од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде што студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com