РаботаПраксаИнтересноНовости

Склучен е договор за соработка помеѓу Бинтерн и универзитетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид

Бинтерн успеа да склучи договор за соработка со уште една образовна институција и тоа со охридскиот универзитет „Св. Апостол Павле“. Со оваа соработка охридскиот универзитет им се приклучи на многу други образовни институции кои склучиле договор со Бинтерн, а со тоа им отвориле можност на нивните студенти по завршувањето или за време на нивното студирање што е можно полесно да најдат вработување или пракса.

Инаку, универзитетот „Апостол Павле“ од Охрид содржи пет факултети кои ги посетуваат студентите кои се решиле своето образование да го насочат кон информатичките технологии. Тоа се:
-Факултет за комуникациски мрежи и безбедност

-Факултет за компјутерски науки и инженерство

-Факултет за информациони системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника

-Факултет за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика

-Факултет за информатички и комуникациски науки.

Со овој договор ќе им се овозможи на студентите од било кој од петте факултети што е можно полесно и побрзо да пронајдат работа или пракса преку платформата на Бинтерн на која најчесто своите нови работници или практиканти ги бараат компании чија работна дејност е информатичката технологија. Па така, со склучувањето на овој договор за соработка ќе им се отвори можноста на студентите и на веќе завршените студенти да го пронајдат своето вработување во компании од ИТ секторот.

Со овој договор универзитетот „Апостол Павле“ се придружува на неколку успешни академии кои преку Бинтерн успеаја да им понудат помош за следно вработување на нивните студенти.
Со ова се потврдува и успешноста на Бинтерн во својата работа, односно спојувањето на студенти и работобаратели со компании кои имаат потреба од образован кадар.

Затоа Bintern е потребен за да ја започнете вашата кариера.  

Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com