РаботаПраксаИнтересно

Сите бараат искуство, но никој не нуди

Mногу често на огласите за работа може да се види дека компаниите бараат одредено работно искуство, односно одреден временски период поминат на таа или слична работна позиција кај друг работодавач.

Меѓутоа, дали постои таков човек со толкаво искуство како што е наведено во некој оглас кој би имал потреба да го менува своето работно место. Кога тој човек напредувал во друга компанија и се изградил како вработен кој одлично ги развил своите вештини.

 

Од друга страна пак веќе дипломираните студенти кои сеуште не го поседуваат тоа барано работно искуство, седат дома поради тоа што не можат да ја пронајдат својата прва работа за да стекнат искуство. Главната причина за тоа е дека се бараат кандидати со долгогодишно работно искуство.

 

Најпрво, се поставува прашањетo: 

Дали компаниите се  подготвени да понудат искуство?

 Тоа значи колку компаниите се подготвени да вработат некој кој е без претходно работно искуство, но има стекнато одредено знаење за време на неговото студирање, да го вработат и да му го предадат нивното искуство.

На тој начин што прво би го вработиле како практикант одреден период за да се стекне со работно искуство, да се запознае со работата и со работните задачи, па потоа на тој човек да му се понуди стално вработување, се разбира доколку тој се покаже во позитивно светло за време на неговата пракса.


Но, дали компаниите не се желни да почекаат некој нивен нововработен или практикант да се развие или постои некоја друга причина.  

Можеме да речеме дека поголемиот број на компании, со исклучок се разбира, немаат време да ги чекаат своите вработени да се оформат, односно не сакаат да земат најпрво практиканти кои потоа би ги претвориле во вработени.

Туку повеќето сакаат само “готови вработени”, луѓе со веќе стекнато работно искуство кои веднаш би се вработиле и би ги извршувале своите работни задачи. Но, очигледно е дека на пазарот има се помалку т.н. “готови вработени”, а се повеќе се застапени дипломците или оние лица кои сеуште студираат, а немаат работно искуство. Токму нив им е потребно работно искуство и ново вработување, каде би се стекнале со искуство и некаков работен стаж.

 Од погоре кажаното се поставува следното прашање:

Што би правеле компаниите кога на пазарот на труд ќе нема повеќе луѓе со искуство и кога пазарот ќе биде преполн само со дипломци и студенти?

Одговорот е едноставен, потребно е компаниите да ги засукаат ракавите и да почнат самите да си оформуваат вработени по нивна мерка. Односно да нудат повеќе пракса на дипломците и студентите каде што тие би ги добиле потребните знаења и искуства, а со тоа и компаниите би си ги прошириле нивните тимови со нови луѓе кои ги обучиле самите тие.


Но, за среќа тука е Вintern платформа која им помага на компаниите да оформат вработени.

 

Повеќе информации за Bintern на следниот линк: https://bintern.com