ИнтересноНовостиНастан

Искуства од саемот за социјални претпријатија


На 25.11.2021 (Четврток) се одржа првиот регионален саем на социјални претпријатија во преспанско-пелагонискито плански регион. На самиот саем со свои штандови беа претставени претпријатија од повеќе различни општини и тоа: Битола, Ресен и Прилеп.

На самиот саем имавме можност да слушнеме нешто повеќе околу новите заложби за поддршка на социјалните претпријатија и новиот закон за социјално претприемништво со кој би се олеснила регистрацијата и работењето на претпријатија од овој тип.


Социјалните претпријатија се новите носители на промените во светот, и како што се дискутираше на панел дискусијата многу микро претпријатија кога би имале можност да преминат во социјални претпријатија тие би го направиле тоа.

Исто така се отвори и дебата околу стимулирање на младите за започнување на сопствен бизнис. Од она што беше кажано можеме да заклучиме дека потребна е стимулација на претприемништвото преку едукација, работилници, и секако мотивирање преку споделување на приказните на успешните претприемачи од опкружувањето.


Bintern беше дел од овој настан со свој штанд и со говор во кој беше споделена приказната како се роди идејата. Во оваа прилика би сакале да им се заблагодариме на организаторите на овој прекрасен настан.

Bintern е платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа.
Регистрирај се на
bintern.com