Разликите помеѓу компаниите се вредностите

Постојат голем број на компании во светот, но сите тие се различни помеѓу себе во нешто, дали по големина, индустрија, начин на работење, продукт итн. Но, суштинската и најбитна разлика се вредностите.
Вредностите се нешто што луѓето го чувствуваат, веруваат, и секако живеат. Ние како стартап компанија го научивме ова малку подоцна, после 6-7 месеци од нашето работење. Научивме дека ние оперативно работиме одлично, но секој со свои различни вредности и перцепции за компанијата.
Кога седнавме и разговаравме со сите членови на тимот тогаш се договоривме да стандардизираме некои работи меѓу кои и нашите вредности. На тој начин издвоивме 5 (пет) клучни вредности за функционирање на нашата компанија кои секој сегашен и иден вработен треба да ги живее.
На сликата во прилог може да ги видите нашите 5 вредности.

Кога една компанија ги има утврдено вредностите, тие не треба да се заборават, туку треба да се негуваат и надоградуваат во секој вработен и во целата организација.
Вредностите се негуваат на тој начин што делуваме во согласност со истите, кога регрутираме, ние треба да бараме луѓе кои живеат по овие вредности, исто така ги нагласуваме и јасно ги комуницираме со нашите колеги.
Како за крај, да сумираме. Сите компании имаат свои вредности, што појасно формулирани и нагласени вредностите тоа подобро за организацијата. Како порака до сите компании кои ги немаат дефинирано своите вредности, тоа да го направат уште веднаш, одвојте ден или два и направете еден тим билдинг и договорете кои се вашите вредности.
Bintern е прва платформа во Македонија која ги поврзува компаниите со студентите и дипломците.
Регистрирај се веднаш на bintern.com