Која е разлика помеѓу платена и неплатена пракса?

Секој студент се соочува со истата дилема а тоа е изборот помеѓу платена и неплатена пракса.
Зошто е таа е дилема, се запрашувате🤷♂️? Изборот е очигледен💁♂️. Платената пракса е подобра затоа што е платена, нели?
За жал, според искуство на нашите корисници, тоа не е толку едноставно. Парите се важни, но тоа е само еден од факторите што студентите треба да ги земат во предвид. Само затоа што се плаќа праксата, тоа не значи дека е соодветно за вас.
Епа затоа ајде да разгледаме некои од придобивките и недостатоците на платената и неплатената пракса.
Придобивките од платената пракса се следниве
-Надоместокот кој ќе го добиете звучи како една од најголемата и најочигледната предност која се добива затоа што секој сака да биде платен за својот труд🙌🏻. Како следен фактор но исто така многу битен за секој поединец е зголемена самодоверба. Честопати, неплатената пракса може да направи да се чувствувате дека вашето време и работа не е достојно да се плати, што може дополнително да ја намали вашата самодоверба. Кога ќе пронајдете можност за плаќање, тоа ќе ве исполни со чувство на достигнување и самодоверба и ќе ве мотивира да работите повеќе за да продолжите да успевате во вашата кариера и при тоа погледете ги огласите за платена пракса на Бинтерн!
Но исто така моќноста за збогатувањето на вашето CV е од огромо значање👌🏻, иако со истото можете да се стекнeте и со неплатената пракса. Компаниите знаат колку е тешко и компетитивно да стигнете до платена пракса истата успешно да ja реализирате..
Недостатоци на неплатената пракса со коии секој студент се соочуваат
-Како прв и најголем фактор е преголемиот обем на работа. Ако некој ве плаќа се разбира ќе очекува нешто за возврат. Во голем број од случаите компанијата може да ве гледа како вработен, а не како практикант. Но, ова, се разбира, не важи за сите компании, но е доволно често. Не секој избор е соодветен за вас можноста да пронајдете платена пракса во посакуваното поле е многу мала. Многу студенти одбираат платена пракса, но во различна индустрија. Најчесто тоа е индустрија во која тие немаат голем интерес. Што на долгорочно ниво ќе резултира со негативни последици во вашиот кариерен раст.
Придобивки на неплатена пракса
-Една од придобивките но можеби и најважната е можностa за обука. Платените практиканти може да се третираат како вработени😏. Но, од друга страна, неплатената пракса обично има помалку ограничувања и можност да истражите во посакуваната област. Вредното искуство со кое ќе се стекнете може да ви донесе голем плус при идното вработување, и ви дава слободни да истражувате, да учите, да експериментирате и да растете.
Недостатоци на неплатената пракса
-Еден од најглавните фактори со кои секој студент се соочува се финансиски ограничувања. Не многу студенти можат да си дозволат неплатена работа, дури и на краток период. Неплатената пракса може негативно да влијае брз самодовербата на студентот.
Во битката помеѓу платената и неплатената пракса тешко можеме да извоиме победник и заклучуваме дека тие си имаат свои добри и лоши стари. Секоја шанса за практиканство е одлична можност да се надоградиш себеси.
Одберете ја праксата која вас ве прави среќен на нашата платформа Бинтерн.