РаботаИнтересноИнтервју

Како да го надминете стресот пред важно интервју за работа

Без разлика колку пати веќе сте биле на интервју, самата помисла дека треба да се подготвите како да одговорите на прашањата подготвени за вас, може да ве направи по малку нервозни!

Затоа подготвивме за вас неколку предлози/совети за вашето следно интервју. За да бидете подготвени за вашето интервју, ние ви предлагаме неколку совети за полесно да се истакнете меѓу останатите кандидати:

  • Бидете искрени

Кога аплицирате за работата што ја посакувате, мора да бидете искрени за вас и вашите способности.

Покажете му ги на лицето што ве интервјуира вашите јаки страни, но бидете искрени, и не се плашете  да одговорите кога ќе ве прашаат за вашите послаби страни.

И запомнете дека сите се трудат да импресионираат, затоа ние ве советуваме да бидете искрени и оригинални.

  • Што сака/очекува компанијата од вас?

Ова прашање треба да си го поставите на самите себеси. Пребарајте на интернет кои се интересите на компанијата, со тоа ќе бидете подготвени да докажете зошто вие сте вистинскиот човек за таа работа.

  • Не претставувајте се тоа што не сте!

Запомнете  дека ако вие бидете вработени во нивната компанија, ќе треба да се докажете за сето она што сте го ветиле дека може да го исполните за успех на нивната компанија.

 

Совет: Најдобро е да бидете искрени за вашите способности, за тие да имаат јасна слика за вас, и за вашите придонеси во компанијата.

 

  • Бидете свои и истакнете се.

Можеби звучи веќе клише, но да се биде свој ќе ви помогне да бидете запаметени.

  • Бидете благодарни за укажаната прилика.

Доколку  бидете одбиени, тоа не значи дека сте лош работник. На крајот на сето ова, излезете со поука и бидете подобри следен пат.

  • Истражете ја индустријата и компанијата

Детално истражете која е нејзината дејност, со што се занимава и каков е нивниот начин на функционирање.

  • Детално прочитајте го и разгледајте го огласот

Посветете внимание на квалификациите кои се потребни за вашата посакувана работна позиција.

  • Разјаснете си ги вашите силни страни и зошто ја сакате таа позиција

Бидете свесни за вашите силни страни и предности, кои што би можеле да ве истакнат од другите кандидати.

  • Размислете околу вашите слабости и како би се одбраниле

Сите ние имаме свои слабости, но со тоа што знаеме како да ги препознаеме, кои се тие и како да се соочиме, тие можат да преминат во предности.

  • Спремете прашања за тој што ве интервјуира

Доколку го познавате лицето со кое што ќе разговарате, убаво е да истражите кое е неговото хоби, и суптилно да ја опуштите атмосферата.

  • Извежбајте ги одговорите

Направете си листа со прашања со кои што ќе имате веќе подготвени одговори.

  • Оставете добар прв впечаток

Оставете позитивен коментар за компанијата, имајте позитивен став, ентузијазам и енергија.

  • Внимавајте на говорот на телото и начинот на зборување

Добрите манири секогаш оставаат добар впечаток!

 

Пример на прашања за интервју и можни одговори:

Зошто сакаш тука да работиш?

  • Вашиот бизнис / Вашата компанија е позната по .. Би сакал да го искористам моето искуство во .. сметам дека можам да и помогнам на вашата компанија да ги постигне своите цели. Исто така мислам дека е добра прилика и можам да научам нови работи, и секако да напредувам во тоа поле.

Што те заинтересира за оваа позиција?

  • Читав за вашата компанија, се интересирав за вашите дејности и за тоа што го работите вие како тим, ме интригираше како тоа се справувате со ..; вашиот однос кој го имате со вработените, а исто така и односот во јавноста во врска со вашата конкуренција..

Кажи ни нешто повеќе за себе?

  • Јас сум.. , Имам .. год. , Студирав на факултетот за ... , Имам работено во ... , Се сметам за тимски играч, креативен и верувам дека секој заслужува шанса за да се покаже во најдобро светло.

Каде се гледаш по 5 години?

  • Најверојатно успешна во полето на.. (позицијата за која што аплицирате), со поголемо знаење и со повеќе искуства.

Кои се твоите силни страни?

  • Пример: одговорност, флексибилност, точност, комуникациски вештини, тимски играч, итн.

Кои се твоите слаби страни?

  • Не ги сметам за слаби страни но кога веќе морам да истакнам тоа би било .. пример: перфекционизам- сакам кога се е перфектно средено или сработено. Исто така како слаба страна можам да го издвојам тоа што немам доволно работно искуство во тоа поле но секој мора да почне од некаде, па се надевам дека ќе имам шанса да го добијам тоа искуство во вашата компанија.

Што имаш постигнато и кое е твоето искуство?

  • Наведете го секој свој успех, од вашето последно работно место или проект се до вашите успешни студентски дебати.

Кој е најтешкиот проблем што си го решила во животот?

  • Пример: конфликт со поранешен тврдоглав колега, ситуација каде што за малку сте можеле да ја изгубите вашата работа и сл.

Ако ги следите горенаведените стратегии, ќе бидете подготвени да го импресионирате интервјуерот.

Проверете ги Отворените работни позиции на Bintern.com за да ја започнете вашата нова кариера денес. Со среќа!