Најбарани професии во Македонија

Бинтерн направи листа на најбарани работни места во Македонија за луѓе со завршено високо образование, во оваа статија ќе опфатиме повеќе области и општите очекувања на работодавците што сакаат нивните практиканти или ново вработени да ги поседуваат.
Во областа образование најчесто споменувани се наставниците и професорите но, има многу повеќе. Вештините што ги учат во образовните високи институции како добро познавање на два или повеќе јазика, лингвистика, збогатуање на вокабуларот, креативно пишување, правопис, комуникациски вештини итн. се погодни за; пишување на текстови или статии во области како дигиталниот маркетинг и новинарството. Како позиции кои можат да се издвојат за најбарани се:
-Преведувач
Преведувачите имаат можност да изберат што и на кој начин ќе преведуваат според нивните интереси, како на пример: судски или политички устен преведувач, преведувч на книги, филмови и серии (титловање), документи итн.
-Лингвист
-Транскрипционист
Во областа ИТ (Информатички технологии) има широк спектар на работни места од кои ќе опфатиме само неколку кои се мисли дека се едни од најпобаруваните позиции.
– Програмер
– Дигитален маркетер
– Дата инженер
– Фотошоп експерт
– Маркетинг менаџер
– Графички дизајнер
– 3Д дизајнер
– Продукт менаџер
Медицината опфаќа широ спектар на професии како најбарани професии се медицинска сестра, општ доктор, фармацевстки технолог и хирург. Други професии за кои исто така може да се најдат работни места се: психијатар, нутриционист, стоматолог.
Во областа економија како најбарани професии во Македонија може да се издвојат две професии, а тоа сметководители, ревизори, финанскиски аналитичар и менаџери, експерти за анализа на пазарот и маркетинг.
Од техничко-технолошките области може да се издвојат: машинските инженери, инженер технолог и електроинженер.
Исто така добар дел од бараните работни позиции во Македонија се поврзани со градежништвото, тие професии се: архитект, архитект-проектант и градежни работници.
Уште една професија која го за служува местото во најбараните професии во Македонија со високо образование е адвокатската професија.
Доколку немате соодветно високо образование кои ја задоволуваат професијата не треба да се откажувате бидејќи за поголем број на професии постојат обуки кои ви ги зголемуваат вашите вештини и знаење и голем број на компании нудат практична работа со која може да се усовршиш или да започнеш кариера во некоја област.
Она што е важно за сите студенти или невработени лица се вештини на 21 век кои не се учат преку традиционалниот образовен систем, а тоа се интерпресонални вештини, емоционална интелигенција, комуникациски и социјални вештини. Овие вешти ќе ве доведат во предност пред останатите кандидати за работната позиција или практикантска позиција.
Како за крај ние сакаме да ви порачаме да вложувате во вашиот личен развој затоа што најдобрата инвестиција која можете да ја направите е инвестиција во самите вас.
Bintern е online платформа која ги поврзува студентите и невработените со компаниите за пркаса и вработување.