Склучен е меморандум за соработка помеѓу ФЕИТ и Бинтерн

Bintern како компанија од студентите за студентите, склучи уште еден меморандум за соработка и тоа овој пат со Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје.
Со овој меморандум за соработка на студентите на ФЕИТ ќе им се овозможи за време на нивното студирање, но и по нивното завршување многу полесно да ја пронајдат својата пракса или идно вработување.
Факултетот за електротехника и информациски технологии во себе опфаќа седум студиски програми и тоа:
· Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)
· Електроенергетски системи (ЕЕС)
· Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ)
· Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР)
· Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)
· Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ)
· Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ)
кои студентите можат да ги изберат при нивното запишување на овој факултет.
За сите овие студиски програми потребна е пракса за време на студирањето која ќе им помогне на студентите полесно да ја совладаат материјата која ја изучуваат, а најлесно таа пракса ќе ја пронајдат преку платформата на Bintern.
Со овој меморандум за соработка исто така ќе им се овозможи и на веќе дипломираните студенти полесно и побрзо и да го пронајдат нивното прво вработување во компании чија работа е поврзана со проблематиката која се изучува на токму на овој факултет.
Потпишувањето на овој меморандум Факултетот за електротехника и информациски технологии им се придружува на повеќе образовни институции кои потпишале меморандум за соработка со Бинтерн се со една цел да им помогнат на своите дипломци и студентите што полесно да ја пронајдат нивната можност за пракса и вработување.
Со ова се потврдува и успешноста на Bintern во својата работа, односно спојувањето на студенти и работобаратели со компании кои имаат потреба од образован кадар.
Затоа Bintern е потребен за да ја започнете вашата кариера.
Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com