Направете го првиот чекор, бидете дел од платформата на Бинтерн

Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола, преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење со официјализирањето на соработката со компанијата Бинтерн ДООЕЛ-Битола, која е основана од студенти на нашиот универзитет, отвораат можност за полесно и побрзо вмрежување на студентите од УКЛО со компаниите кои бараат практиканти или нудат отворени позиции за вработување.
Вмрежувањето се остварува со регистрација на платформата БИНТЕРН (bintern.com), каде во моментот се регистрирани над 1000 студенти, и повеќе од 70 компании кои се во потрага по нови вработени и практиканти.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола го сочиниваат 12 единици и тоа:
Факултет за информатички и комуникациски технологии-Битола;
Економски факултет-Прилеп;
Педагошки факултет-Битола;
Технички факултет-Битола;
Правен факултет-Кичево;
Факултет за Биотехнички науки-Битола;
Факултетот за безбедност-Скопје;
Факултет за туризам и угостителство-Охрид;
Технолошко-технички факултет-Велес;
Висока медицинска школа-Битола;
Ветеринарен факултет-Битола и
Институт за тутун-Прилеп
Сите заинтересирани студенти кои бараат практиканска работа или вработување, како и сите компании кои имаат потреба од квалификувани млади лица за вработување или изведување на практиканска работа, своите цели можат да ги остварат со регистрирање на платформата bintern.com.
За секој почеток, најважен е првиот чекор, а вашиот прв чекор нека биде ваша регистрација на платформата на bintern.com.