Склучен е меморандум за соработка помеѓу УАКС и Бинтерн

Успешната приказна на Bintern, тука не застанува. Откако беше потпишан меморандум за соработка помеѓу компанијата и УСС при универзитет "Гоце Делчев" - Штип минатата недела, сега Bintern може да најави и нов меморандум за соработка со Универзитетот "Американ Колеџ" - Скопје.
Со оваа соработка Универзитетот "Американ Колеџ" - Скопје кој е познат во нашата земја се одлучи да им пружи шанса на своите студенти кои сакаат да ги прошират своите практични знаења и да посетуваат пракса. Преку платформата на Bintern на едноставен начин да го пронајдат вистинското работно место кое им нуди можност за практична надоградба на своето знаење, а со тоа и да си ја изградат сопствената кариера, на начин на кои го замислиле.
Како причина за потпишување на самиот меморандум е потребата на пазарот од квалификуван кадар кој се креира при поврзување на факултетското знаење со праксата.
Затоа Bintern е тука да ви помогне да ја започнете вашата кариера, без разлика на кој факултет и да студирате или сте студирале.
Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде што студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com