Интервју

Каков е патот на кариерниот развој во ИТ индустријата?

Секоја цел во животот е остварлива потребен ни е само труд и максимално вложување за остварување на истата. За едно остварување на една таква цел во ИТ индустријата ќе ни зборува Владимир кој е студент на факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола, и исто така е вработен како Веб Девелопер во Инелипсе а воедно и креатор на платформата donacii.org

Го запрашавме за неговото прво работно искуство во ИТ индустријата какви беа неговите почетоци. Моето прво работно искуство во ИТ индустријата беше пред 6 години, во 2014 година. Најпрво посетував обука за изработка на веб страни и пополека се усовршував во таа област, за да по некое време започнам да работам самостојно на едноставни веб страни, вели Владимир.

Секој започнал да работи во некоја компанија најпрво како практикант, па исто така и Владимир го прашавме да ни каже нешто подетално околу тоа и какво било неговото искуство со праксата.

Да, како и останатите студенти досега неколку пати имам посетувано пракса, конкретно за тоа сметам дека е супер можност за пристапување односно правење на први чекори кон било која дејност, и би ви препорачал на сите да се пријавите како практикант за работата што ве влечи зато што само така ќе добиете можност да работите на реални проекти и се разбира ако се покажите дека добро знаете да работите во одредената област каде што сте практикант ќе добиете и можност за вработување во истата таа фирма. – Ни одговори Владимир.

Што те привлече да ја започнеш твојата кариера во ИТ индустријата.

Интересно прашање, па кариера во ИТ ме натера да започнам тоа што е професија во која нема граница. Многу едноставно, тргнуваш и никаде не застануваш. Исто така од најмала возраст ме интересираа работи поврзани со технологија и баш тоа беше она што најмногу ме исполнуваше тогаш, но и ден денес.

Дали следиш некои ментори односно луѓе кои се докажани во ИТ индустријата и учиш од нив.

Да, се разбира секој човек има ментори односно идоли, да не ги набројувам големите умови како Стив Џобс, Гејтс итн, кои се апостолите во оваа наука, но јас имам друг идол кој припаѓа во групата на најмлади-најголеми умови на денешницата, тоа е Мате Римац основач на Римац Автомобили. Тоа е прва компанија на светот која создаде електричен спортски автомобил. Тоа е компанија во која работат повеќе Софтверски Дизајнери отколку луѓе кои се задолжени за останатите компоненти на автомобилот.

Кои чекори треба да се превземат за да се започне кариера во ИТ индустријата, дали би можел да наброиш некои од нив.

За да започнат било какви чекори луѓето во било која професија треба да го најдат вистинското лице (компанија) за насока, за таа цел според мене правилен избор би бил секој кој што сака да започне кариера во ИТ индустријата, треба да започне со посета на пракса со што ќе се овозможи лицето да биде директно вклучено во развој на соодветен продукт.

За на крај што би им препорачал на останатите кои сакаат да започнат кариера во ИТ индустријата.

ИТ струката ја препорачувам на сите оние кои се неуморни од нови работи,односно луѓе кои сакаат секојдневно да се надградуваат. Сметам дека оваа професија сеуште е далеку од она што се може да направи истата, ги охрабрувам сите млади луѓе да започнат да пливаат во светот на технологиите.

Доколку и вие сакате да започнете кариера во ИТ индустријата посетете ја нашата веб страна https://bintern.com/ и пребарајте огласи од ИТ секторот и аплицирајте на нив, затоа што никогаш не е доцна да работите на вашите соништа.