РаботаИнтересноИнтервју

Како правилно да одбиете кандидат за работа

Секоја компанија треба да знае како да го одбие барателот на работа. Ова е показател за угледот на компанијата, па затоа треба тактичен и компетентен пристап. Грубото одбивање на кандидат за работа може да доведе до уништување на угледот на компанијата. Исто така, кога кандидатот за работа нема да добие повратна информација од работодавачот може да биде многу вознемирувачко.

Многу честа грешка е кога компанијата не ги известува кандидатите за одбивање од работната позиција за која што аплицираат. Всушност, после интервјуто постои можност кандидатот никогаш да не дознае до кој дел од процесот на вработување е неговата апликација.


Ваквиот однос на компанијата спрема кандидатот може да предизвика негативен впечаток кај кандидатот. Ова, исто така, може да го обесхрабри кандидатот повторно да поднесе апликација за работа во Вашата компанија за други посоодветни работни позиции.

Сепак, најдобрата практика и етичкиот протокол укажуваат на тоа работодавците секогаш да ги известуваат кандидатите за статусот на нивната апликација за работа. Повеќето експерти за човечки ресурси се согласуваат и настојуваат да се следи ова правило.

Препорачливо е да го известите кандидатот за Вашата одлука најдоцна во рок од две седмици. Идеaлно би било доколку се скрати и овој период, па кандидатот ќе продолжи да бара нова работа.

Постојат неколку начини да го известите кандидатот за одбивањето. Можете да искористите некој од следниве начини на комуникација: е-маил, да закажете состанок, телефонски повик или писмо по пошта. Најдобриот начин за соопштување на негативната одлука на кандидатот за работа е телефонскиот повик. Доколку користите е-маил можете да избегнете контра прашања во врска со одлуката.

Потребно е да ја образложите причината за одбивање на кандидатот. Секој специјалист за човечки ресурси треба да ги најде вистинските зборови за да ја соопшти одлуката за одбивање на кандидатот. Притоа, користејќи ги психолошките техники да се споменат позитивните вештини на кандидатот, но тука треба да се внимава да не му дадете лажна надеж на кандидатот.

Одбивањето на кандидати за работа секогаш е тешка и незгодна задача, но во никој случај не ја занемарувајте!

Bintern платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа.
Регистрирајте се веднаш на
bintern.com