ПраксаИнтересно

Како би се истакнале за време на вашата пракса

Станувате дел од успешна компанија. Компанија во која треба да се истакнете, без разлика за кој сектор станува збор. Па, затоа ги запрашавме дел од практикантите кои успеале како тоа го направиле, односно што им било потребно за да се наметнат како практиканти во успешна и голема компанија. Дел од веќе постоечките практиканти ни објаснија какво е чувството и кои се одговорностите да се биде дел од успешна компанија како практикант, односно кои се работите и целите кои што треба да се ги постават идните практиканти, доколку сакаат да бидaт успешни.

1. Бидете проактивни

Еден од начините да се истакнете за време на вашата пракса е да бидете проактивни. Тоа подразбира извршување на обврските без да ви биде наредено. Една од работите кои менаџерите или шефовите не ги сакаат е тоа да чекате од нив да ви наредат што следно треба да направете. Најдобар начин да се истакнете е да се гледате себе си како дел од компанијата и да си ги извршувате зададените задачи без тоа да ви биде речено или наредено.
Ако навистина сакате да одите напред и далеку прашајте го вашиот претпоставен дали може да научите нешто повеќе.  Се разбира откако ќе ги завршите сите зададени задачи за тој ден. Секако дека треба да го запрашате претпоставениот дали му е потребна одредена помош при извршувањето на неговите задачи, но сето тоа откако ќе си ги завршите вашите.

2. Поставувајте добри прашања

Некој некогаш рекол дека не постојат глупави прашања. Се разбира ова може да биде и точно и да има смисла, но не се водете по ова на работното место. Но, сепак вистина е дека не постојат глупави прашања, но дефинитивно има нерелевантни прашања. Бидете сигурни дека сте дале се од себе за да го пронајдете одговорот на тоа прашање пред да го прекинувате претпоставениот. Google го зголемува вашето знаење и сигурно, но доколку вашето прашање е тешко тогаш можете да побарате помош од претпоставениот или некој друг. Добрите прашања ќе ве направат позаинтересирани за учење на нови работи.

3. Правете повеќе
Еден од начините да се истакнете за време на вашата пракса е да правите повеќе од тоа што се бара од вас. Еден од начините да се издвоите од останете е да покажете дека сакате да одите напред и далеку, а тоа ќе го постигнете со правење на повеќе работи без да чекате тоа да ви биде наредено. Еден од начините да напредувате и да се истакнете за време на вашата пракса е да ги изградите идеите кои веќе сте си ги задале. Еден од начините за да напредувате и стигнете далеку за време на вашата пракса е тоа да напредувате се повеќе и повеќе секој ден.

4. Пристигнувајте порано

Не би рекол дека пристигнувањето многу порано, или отворањето на канцеларијата е добра идеја, но пристигнувањето малку порано од останeте практиканти, па и пред претпоставениот. Кога ќе пристигнете порано од претпоставениот и кога ќе успеете да завршите некои клучни задачи, со тоа би успеале да се истакнeте како практикант за време на вашата пракса.

Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com