РаботаИнтересно

Како да се биде подобар јавен говорник во 6 чекори

Вештината на јавно говорење и културата на изразувањето се клучот на успехот денес. Личниот настап е многу важен сегмент во градењето на довербата кај слушателите, кај деловните партнери и кај општата јавност.

Вештината за јавно говорење и за одлична лична презентација може да биде главната разлика меѓу постигнувањето успех или неуспех. За многу професии таа е многу значаен и суштествен дел за напредување. Но, јавното говорење не е природно стекната вештина. Психологијата на јавно говорење секогаш вклучува некаква возбуда.

Овие 6 чекори ќе ве подготват за силна и моќна интерпретација на вашите искуства и ставови.

1.       Вежбањето ќе те направи совршен говорник

„ Вежбањето го прави совршенството!“ е реченица што ја користиме со причина. Со пракса, секогаш ќе бидете самоуверен говорник.

2.       Ангажман на публиката

Кога зборувате, обидете се да создадете можност да ја вклучите вашата публика. Како резултат на тоа, ќе се чувствувате помалку изолирани како говорник.

3.       Справи се со нервите

Бидејќи толпата е позастрашувачка од поединците, сметајте дека вашиот говор е разговор еден на еден. Длабоко вдишете.

4.       Позитивно размислувај

Позитивното размислување може да направи огромна разлика во успехот на вашата комуникација. Совети: користете афирмации и визуелизација.

5.       Говор на телото

Совети: застанете исправено, вдишете длабоко, насмевнете се и погледнете ги луѓето во очи. Не стојте на едната нога и не правете неприродни гестови.

6.       Снимај ги твоите говори

Снимајте ги вашите говори секогаш кога е можно. Гледајќи се себеси, можете да работите на областите каде што не ви оди толку добро.

Овие совети може да ви помогнат да добиете работа или унапредување, да ја подигнете свеста за вашиот тим или организација и да ги едуцирате другите.

Bintern платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com