Одржан првиот Хакатон за вработување во Македонија

На 10-ти Јули во Скопје беше организиран првиот Хакатон за вработување односно "Jobathon" со над 50 присутни гости. Настанот беше организиран од Bintern и Code Academy и идејата беше учесниците да ги покажат своите програмерски вештини со решавање на проект пред неколку компании кои ќе го препознаат нивниот талент и ќе им дадат понуди за вработување 👨💻💻.
Хакатонот започна во 10 часот со пријавување на натпреварувачите и заврши во 21 часот со прогласување на победниците. Имаше 20 присутни натпреварувачи и 2 присутни компании 👨💼. Учесниците имаа 5 часа да го испрограмираат зададениот проект и на крај имаше повеќе победници кои успешно ја завршија зададената задача и добија понуди за вработување. Тие имаа задача да напишат код преку кој ќе се одредува дали одредена статија е позитивна или негативна. Статијата требаше да биде поврзана со криптовалути и сето тоа да се изведи преку одредени клучни зборови. Најдобро го заврши проектот Радослав Кезуновски кој беше прогласен за победник и премина на техничко интервју за вработување во компаниите CodeWell и Miracle Mill. Исто така Славиша Стојаноски, Мартин Коцев, Илир Лимани, Стефан Давидовски и Антонио Марковски успешно ги презентираа нивните проекти и добија понуда за интервју 🤝.
Во долгите часови помеѓу почетокот и крајот покрај кодирањето се организираа повеќе активности. Дел од активностите кои го пополнаа остатокот од времето беа работилницата "Speed-interviews" и говорот кој го одржа Денис Кибирев. Работилницата "Speed-interviews" се одржа помеѓу компаниите и гостите на настанот. Сите имаа нешто ново да научат. Говорот кој го одржа Денис беше на тема "Како јуниорите да изградат успешна кариера во IT секторот". Говорот беше доста интересен за сите присутни и привлече големо внимание.
Со тоа што учесниците добија понуди за интервјуа и работа организираниот настан успешно ги достигна очекувањата и целите. Во иднина се планира да се организираат и други слични настани со цел да им се помогне на работобарателите полесно да добијат шанса за вработување 💼.
