РаботаПраксаИнтересно

Избери ја вистинската кариера за тебе


Сите се запрашуваме која е вистинска кариера за нас, дали воопшто постои, како да ја започнеме и како ќе знаеме дали таа е онаа вистинската. Овие прашања се прашања кои се вртат кај многу луѓе кои се на почеток на своите кариери и сакаат да се пронајдат себе си во некоја област во која понатаму би растеле и би напредувале.

Неколку начини како да ја пронајдете вистинската кариера за вас:

  1. Пронајдете ја вашата пасија, што би правеле без изговори, било кога и било каде.

  2. Пробајте повеќе различни работи, доколку не истражувате и не пробувате различни работи тогаш тешко дека ќе ја пронајдете вистинската кариера за вас.

  3. Бидете љубопитни, земете ги за пример малите деца кои се многу љубопитни и поставуваат прашања кои им помагаат да учат нови работи.

  4. Бидете упорни, за да ја пронајдете таа вистинска позиција за вас потребно е да бидете упорни во тоа, убавите работи не доаѓаат толку лесно, морате да се борите за нив.

  5. Учете од луѓе кои се таму каде што вие сакате да бидете, да не потпаѓате на влијание од околината и од медиокритетот

  6. Верувајте во себе, како што рече Стив Џобс многу е тешко да се поврзат точките гледајќи нанапред, но многу е јасно како се поврзуваат кога гледаш наназад. Верувајте дека ќе ви се поврзат точките на некој начин

  7. Бидете храбри или во превод fail fast, донесувајте брзи одлуки кои можеби и некогаш ќе бидат погрешни но ќе ве научат на многу вредни работи.

  8. Никогаш не се откажувајте бидете истрајни, и најсилната река го заобиколува цврстиот камен, бидете истрајни и цврсти како камен без разлика на што и да се случува.

Имајте во предвид дека не постои некое правило кога станува збор за пронаоѓање на вистинската кариера. Не е важно од каде се почнува, важно е да се почне. А останатите работи ќе се откријат попатно. Вашиот кариерен пат е уникатен затоа охрабрете се, следете си го вашето срце, бидејќи тоа знае најдобро што сакате да бидете вие.

Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com