РаботаПраксаИнтересно

Иднината на развојот на компаниите - пост-пандемија

Замислете криза која ги принудува вработените во вашата компанија да го променат начинот на кој работат преку ноќ. И покрај првичните стравувања дека притисокот ќе биде преголем, откривате дека овој нов начин на работа може да биде план за долг рок. Тоа го откриваат лидерите на многу компании ширум светот. 

Иднината, пост-пандемија, се менува побрзо од очекувано и за компаниите да бидат во тек со нивната конкуренција и да не заостанат поназад еден клучен фактор ќе биде нивната способност да ги користат постоечките таленти на нови и иновативни начини и да се осигураат дека вработените ги имаат потребните вештини за да бидат успешни. Во следните пет години, до 50 отсто од сите вработени ќе имаат потреба од “reskilling” односно преквалификација за ефективно да ги работат нивните позиции, додека речиси 100 милиони нови работни позиции најверојатно ќе се појават, според Светскиот економски форум.

За да се изгради квалитетна организација - онаа со вистински луѓе кои ги поседуваат вистинските способности во вистинските улоги во вистинско време - потребни се три стратегии за управување со таленти: “redeployment” - прераспоредување, “reskilling” - преквалификација и “upskilling” - надградба.

Иако овие три термини понекогаш се користат наизменично, тие се различни и служат за различни цели. Иако точните дефиниции може да варираат, ние размислуваме за секоја на следниов начин:

  • Прераспоредување. Кога сегашната позиција на личноста исчезнува и тие се префрлаат на друга позиција, за која веќе ги имаат потребните вештини.

  • Преквалификација. Кога лицето гради нови вештини за да може да се префрли на друга позиција.

  • Надградба. Кога лицето гради повисоко ниво на компетентност во некоја вештина или збир на вештини за подобро извршување на сегашната улога односно позиција.

Кога компаниите треба да ги применат овие стратегии? 

Иако постојат оптимални околности за користење на трите начини, тие меѓусебно не се исклучуваат и во одредени ситуации, може да е потребен повеќе од еден од начините за вработениот да стане успешен. Често, најефективниот пристап е комбинација од сите три.

Од тука произлегува прашењето: “Кои се тие вештини што ќе треба да се изградат?”

За тоа ќе можете да прочитате во нашиот следен блог кој ќе го објавиме во понеделник. 

Следниот блог можете да го најдете на Bintern.com платформа која ги поврзува компаниите со голем број на студенти и работобаратели.