Добрите и лошите страни на работењето и студирањето во исто време

Дали размислуваш да работиш и да студираш во исто време?
За многумина, концептот на студирање и работа во исто време може да биде застрашувачка и со право. Може да биде многу стресно да балансираш два одвоени животи. Потребно е и високо ниво на управување со времето и планирање!
Но, пред да ја донесеш својата одлука, зошто да не ја погледнеш нашата листа на добрите и лошите страни за да видиш како да ги комбинираш работата и студирањето заедно?

Подобра финансиска стабилност
Секако, најважната причина поради која луѓето работат додека студираат се парите што ги добиваат преку работа со скратено работно време. Многу студенти претпочитаат да не се потпираат на своите семејства за парични потреби.
Тие ќе имаат способност да се грижат за себе и да го намалат финансискиот товар на своето семејство со студентска работа.
Искористи го како можност да бидеш независен!
Подобрување на вештините за управување со времето
Иако студирањето и обврските на факултет може да бидат тешки за управување, сепак недостасуваат други обврски кои го одвлекуваат вниманието и го трошат времето. Ова значи дека студентите можат да се фокусираат само на нивните оценки.
Студентите кои работат со скратено работно време учат како да управуваат со своето време многу побрзо од редовните студенти кои се фокусирани само на студирањето. Тие знаат како да ги балансираат стресовите на работата со роковите на факултет подобро од другите.
Надоградување на биографијата
Ако работиш додека студираш, работното искуство во твојата биографија може да ти помогне да се истакнеш пред потенцијалните работодавци. Друга предност ако избереш работа со скратено работно време во целната индустрија во која што сакаш да напредуваш ќе се поврзеш и ќе работиш со професионалци. Ова ќе ти овозможи да оствариш релевантни контакти кои би можеле да ти помогнат да имаш подобра и побогата кариера во иднина.
Полесно ќе се прилагодуваш во работната средина
Имањето искуство во деловниот свет дефинитивно ќе им помогне на студентите подобро да се прилагодат откако ќе обезбедат работа после завршувањето на студиите. На некои студенти им е тешко да се асимилираат во работна средина што може да се должи на повеќе аспекти како што се очекувањата и промените.
Со претходно искуство, ќе ти биде полесно да се асимилираш во работната култура бидејќи подобро ќе ги разбираш функциите и процесите на компанијата.
Вмрежување и нови деловни контакти
Работното искуство е реално мерење на нечиј реален потенцијал на работното место. Познавањето на вистинските луѓе кои се свесни за твојот потенцијал може да ти донесе подобри работни позиции и потенцијално подобри можности во однос на кариерата.
Најдобар начин да стекнеш деловни контакти е да бидеш активен и да запознаваш луѓе или преку настани или пасивно преку пракса! Почесто компаниите се подготвени да понудат работна позиција откако ќе дипломираш, доколку твоите перформанси се на ниво на стандард.

Недостаток на време
Работата со скратено работно време има тенденција да се потпира на распоред и работа во смени, а тоа може да биде предмет на промени. На пример, може ненадејно да те повикаат на работа на твојот слободен ден што ти е планиран за учење.
Треба да одлучиш дали можеш да се справиш со стресот што доаѓа со работата и студирањето во исто време.
Иако можеби е примамливо, имај на ум дека учењето треба да биде на прво место. Кога имате тестови и испити, твојата работа не треба да ги прекинува обврските на факултет.
Bintern платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com