Панел дискусија "Твојата кариера во 2022 година"

На 29 декември 2021 година, Bintern ја одржа панел дискусијата на тема "Твојата кареира во 2022 година". Целта на настанот беше да се доближат студентите и работобарателтите до компаниите и да постават прашања кои ќе им помогнат полесно да ја започнат нивната кариера.
На настанот присуствуваа 6 компании со нивни претставници и тоа:
Ања Величковска - Sample Solutions BV
Биљана Талевска - Axapta Masters
Јасмина Цветаноски - Mikrosam
Елена Киранџиска - Qpick
Мартин Костовски - Nextsense
Елена Милеска - X3M labs
Додека пак модератор на настанот беше Димитар Митревски основач и управител на Bintern.

На самата панел дискусија присуствуваа околу 80 учесници, добивме доста интересни прашања, и тоа со каков начин на размислување (mindset) треба да се започне кариерата итн...
Она што можевме да заклучиме е дека повеќето од учесниците сметаа дека е потребно некакво претходно работно искуство за да се започне со работа во некоја од компаниите, но она што го кажаа тие е дека најбитно е посветеноста и желбата за учење кај кандидатите бидејќи искуството може да се стекне.
Доколку се размислувате од каде да ја започнете вашата кариера тогаш Bintern е местото кое ги поврзува студентите и работобарателите со компаниите за пракса и работа.
Регистрирајте се на bintern.com и започнете ја вашата кариера веднаш.