Bintern низ бројки, што имаме постигнато

Bintern, компанија со цел да им помогне на студентите и дипломците полесно да пронајдат пракса и работа. Платформата на Bintern е платформа каде се поврзуваат компаниите и работобарателите на едно место, каде што компаниите имаат можност да изградат вработен, а студените и дипломците да изградат кариера. Компанијата до сега има организирано два физички настани од кои едниот “Jobathon” во соработка со Code Academy, односно Хакатон за вработување на кои преку програмирањето учесниците се изборија за интервју со две компаниите од ИТ секторот, пред две недели Bintern го организираше и вториот успешен настан Emerging Technologies каде, успеа да ги соедини ИТ компаниите од Битола и ИТ заедницата, со цел размена на искуства.
Кога сме кај склучените соработки на кои Bintern секојдневно работи, склучени се меморандуми за соработка со многу универзитети, академии и едукативни центри.
Склучени се меморандуми за соработка со УСС при универзитет „Гоце Делчев” од Штип, универзитетот „Климент Охридски“ од Битола, универзитетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид, универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје, потоа склучен е и меморандум за соработка и со дел од академиите, односно едукативните центри кои дејствуваат на ова подрачје, и тоа склучени се договори со Seavus едукативниот центар, ИВ едукативниот центар, Јавен Адвертaјзинг и уште многу други со кои се договараме и се очекува потпишување на меморандум за соработка во блиска иднина.
На платформата на Bintern до сега се имаат регистрирано околу 900 работобаратели кои доаѓаат од различни факултети и едукативни центри, кои пак се во потрага по пракса или работа преку Bintern.
🎓 Кај студентите кои се веќе регистрирани на платформата од околу 900 регистрирани кандидати, процентуално нивната застапеност по факултети изгледа вака: од ФИНКИ бројот на студенти е најзастапен со околу 16% од вкупниот број на регистрирани кандидати, потоа со 8% тука е ФИКТ, потоа следуваат студентите на економските факултети со застапеност од 7%, со самиот пораст на порастот на платформата се очекува промена на овие бројки.

📍Најголемиот број на кандидати на платформата доаѓаат од Скопје, односно околу 60% профили, потоа следна е Битола со околу 26%, останатите градови бројот е помал. Континуирано работиме на зголемување на корисниците од сите градови во Македонија.

👩🏻🎓 Кога сме кај образованието доста повисок е бројот на профили со високо образование вкупно 93%, додека пак бројот на профили на луѓе со средно образование е многу помал, односно изнесува околу 7%. Дел од кандидатите го немаат наведено нивниот степен на завршено образование.

Со оглед на тоа што платформата секојдневно расте, односно бројот на регистрирани кандидати се зголемува, се очекува промена на овие бројки. Горенаведените бројки потврдуваат дека на платформата на Bintern се регистрирани кандидати со различен степен на образование, од различни факултети или академии со што се отвора можноста за компаниите полесно и побрзо да ги пронајдат своите нови вработени, а работобарателите побрзо да го најдат своето работно место со помош на платформата.
👉Затоа регистрирајте се на bintern.com платформата што ги поврзува компаниите со кандидати за пракса и вработување.
👉Регистрирајте се на bintern.com