Склучена соработка помеѓу Бинтерн и Јавен Адвертајзинг

Успешната приказна на Бинтерн во остварувањето на заедничките цели продолжува.
По склучувањето на меморандуми со УСС при Универзитетот „Гоце Делчев“во Штип и со Универзитетот Американ Колеџ од Скопје, од страна на Бинтерн беше постигнат договор за соработка и со битолската компанија Јавен Адвертајзинг.
Со веќе склучениот договор ќе им се овозможи на студентите кои посетуваат различни курсеви во Јавен Адвертајзинг , подоцна полесно да можат да најдат работа или праска преку платформата на Бинтерн.
Покрај курсевите кои ги нуди Јавен, таа исто така нуди и маркетинг услуги како на пример изработка на веб-страни, креирање и промоција на страни на социјалните мрежи, одржување на веб-страни и слично. Со што покрај својата образовна дејност, Јавен Адвертајзинг како своја примарна дејност ја има и својата работа во областа на маркетингот.
Токму оваа дејност во областа на образованието, односно да им се помогне на младите лица што побрзо да најдат пракса или работа беше примарна цел за склучување на овој договор за соработка помеѓу Јавен Адвертајзинг и Бинтерн.
Затоа Bintern е потребен за да ја започнете вашата кариера.
Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com