ИнтересноНовостиНастан

Bintern помеѓу 13 финалисти на Startup Bootcamp во Охрид


Минатиот викенд се одржа полуфиналето на iCBA пограничната акцелераторска програма во Охрид. На овој настан во Охрид со свои идеи настапија 24 натпреварувачи, меѓу кои и Bintern.

Во оваа прилика сакаме да искажеме благодарност до сите ментори, организатори и партнери во оваа програма кои ни дадоа огромна поддршка и не' донесоа на следно ниво.


На крајот од настанот беа избрани 13-сет финалисти кои ќе настапат во финалето кое ќе се одржи на 16-ти и 17-ти Септември во Солун. Ова финале ќе биде дел од најголемото бизнис случување во Грција “Thessaloniki Brokerage Event”. Меѓу финалистите е и Bintern кој ќе патува во Солун заедно со останатите.

Со возбуда го очекуваме финалето, бидејќи тоа за нас претставува прв настап на интернационален стартап настан каде што ќе презентираме пред интернационални инвеститори и фондови. Со ова сакаме да ги мотивираме сите кои се во размислување дали да започнат нешто свое, дали тоа е кариера или компанија да го направат тоа бидејќи ние го можеме тоа само треба да започнеме веднаш.

Уште еднаш ви благодариме на сите кои не’ поддржувате и ни ја дадовте оваа можност, ние ќе работиме понапорно и ќе ја искористиме можноста максимално.

Bintern претставува платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување. Регистрирај се веднаш https://bintern.com