Искуството на B.intern како дел од Accelerate2030

Изминатиов период B.intern беше дел од "Accelerate2030" програмата за социјално претприемништво односно програма која поддржува компании кои работат кон остварување на една или повеќе од целите за одржлив развој на UNDP.
За да дознаете повеќе за целите за одржлив развој прочитајте повеќе на следниот линк.
Во рамките на оваа програма стекнавме огромно искуство и знаење како еден социјален бизнис треба функционира. Исто така која е разликата помеѓу општествено одговорен бизнис и претпријатие кое работи за остварување на некоја поголема цел односно да влијае врз решавање на општествен, социјален, еколошки и сличен проблем.

Според нашето досегашно искуство и знаење стекнато во рамките на оваа програма можеме со сигурност да кажеме дека потребно е сите бизниси да се фокусираат кон остварување на целите за одржлив развој.
Бидејќи на крајот од денот е да се оствари профит правејќи добро за светот, само со такво размислување можеме да промениме многу работи.
Во оваа акцелераторска програма покрај B.intern, учествуваа и 6 други стартапи и тоа:
Националната фаза на оваа акцелераторска програма заврши на 20-ти Октомври, на која беше избран победникот AirCare, на кој во оваа прилика им честитаме и им посакуваме огромен успех во глобалната фаза односно на презентацијата пред инвеститори во Женева.

Како за крај ги охрабруваме сите претприемачи и иноватори кои имаат идеја/стартап со социјален импакт, да се пријават на следната програма на Accelerate2030, бидејќи ќе стекнат огромно искуство и знаење што ќе ги одведе на следно ниво. Со успех!
B.intern е платформа која ги поврзува компаниите со студентите и дипломците за пракса и работа.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com