РаботаПраксаИнтересно

12 работи кои никогаш не треба да ги ставиш во твоето CV

Дали знаеш дека на менаџерот му се потребни во просек 6 секунди да го скенира твоето CV и да одлучи дали ќе ти даде шанса или ќе заврши во ѓубре? Според едно истражување, менаџерите во просек добиваат по 75 резимеа за секоја позиција. Ова значи дека имаш само 6 секунди да го задржиш вниманието на менаџерот кој во рацете го држи твоето CV.

Не го натрупувај твоето CV со непотребни работи. Треба да биде со едноставен дизајн, читливо и да не биде подолго од 2 страници. Користи модерен sans serif фонт, на пример Arial или Helvetica. Внимавај форматирањето да биде конзистентно секаде. Пишувај во минато време освен за моменталната работна позиција.

Погледни ја следната листа со 12 работи кои никогаш не треба да ги ставиш во твоето CV:


1. Лични работи
Никогаш не пишувајте го брачниот статус, кариерата на сопружникот, децата и нивната возраст, верската припадност, матичниот број, омиленото хоби, итн. Залудно го трошиш просторот кој може да го искористиш за да се истакнат твоите вистински достигнувања.

Имај на ум дека е нелегално работодавецот да побара од тебе вакви информации. Исто така, овие информации никој не ги зема во предвид.

2. Фотографија

Твоето резиме треба да се фокусира на твоите вештини и достигнувања а не на твојот добар изглед! Наместо да поставиш фотографија, можеш да ставиш линк од твојот LinkedIn проофил. Многу компании рутински го пребаруваат LinkedIn за да ги проверат кандидатите за работа, затоа провери дали твојот профил е ажуриран и целосен.

Фотографијата, исто така, може да го постави работодавецот во незгодна ситуација, и да биде обвинет за дискриминација врз основа на раса, пол, тежина, привлечност итн.

3. Твојата цел

Она што порано се сметаше за важен дел од резимето сега е застарено. Очигледно, твојата цел е работата за која аплицираш. Освен ако си спремен да ја преработиш целта за секоја работа за која аплицираш, тогаш остави ја. 

Но сепак, наместо тоа искористи го тој дел од резимето за да наведеш резиме на твоите квалификации што ги истакнуваат твоите вештини и достигнувања.

4. Лични заменки

Не го пишувај твоето CV во прво или трето лице. Твоето CV не треба да ги содржи зборовите „јас“, „мене“, „таа“, „тој“ или „моето“. Очигледно, резимето е за тебе.

5. Нерелевантно работно искуство

Не треба да ја наведуваш секоја работа што некогаш си ја работел. Вклучи помалку релевантни работни места само ако тие истакнуваат дополнителна вештина што може да се пренесе на твојата наскоро нова работа. 

Еден исклучок од ова правило: ако си скоро дипломиран и имаш ограничено работно искуство, можеш да ги вклучиш овие претходни работни места.

6. Сè што НЕ Е ВИСТИНА

Доволно е кажано. Не лажи и не прави лажни тврдења. Нема да заврши добро.

7. Твојата возраст

Не ја вклучувај твојата возраст или датумот на раѓање. Некои експерти препорачуваат да го отстраниш датумот на дипломирање или да не вклучуваш повеќе од 15 години работно искуство доколку не сакаш да бидеш дискриминирани во однос на возраста.

8. Непрофесионален е-маил

Доколку сетуште немаш, време е да креираш нов професионален е-маил што ќе го користиш за апликации за работа. Најдобра практика е да користиш некоја форма од твоето име и презиме како е-маил. Користењето на твоето име и презиме може да спречи твојот е-маил да не се изгуби во сандачето на менаџерот за вработување. Направи го тоа сега!

9. Информации за плата

Не ја наведувај твојата моментална или посакувана плата. Оваа информација е целосно непотребна и може да испрати погрешна порака. Целта на резимето е да се направи интервју. Разговорите за платата доаѓаат подоцна.

10. Твојот просечен успех

Ако си скоро дипломиран (помалку од 3 години) и твојот просечен успех е поголем од 9 во ред е да го напишиш. Во спротивно, едноставно немој.

11. Референци

Ако поминеш низ првичниот скрининг, работодавците ќе побараат препораки. Ова ти дава шанса да ги предупредиш твоите референци дека твојот иден работодавач ќе ги повика. Додавањето линија која вели „референци достапни за контакт“ е излишно и едноставно троши вреден простор. 

Дополнителен совет: Не го наведувај името на твојот сегашен шеф како референца, освен ако тоа лице знае и ја поддржува твојата промена во кариерата.

12. Правописни грешки или лоша граматика

Оваа грешка е фатална. Кога менаџерот за вработување ќе види погрешно напишан збор или граматичка грешка, резимето оди во ѓубре. Не е важно колку е квалификуван или привлечен апликантот. Ако не си внимателен со деталите за резимето, нема да бидеш внимателен со деталите за работата. 

Лекторирај неколку пати. Лекторирај го секој збор почнувајќи од крајот и враќајќи се на почетокот. Замоли го пријателот кој секогаш забележува печатни грешки да го провери тоа.


Bintern платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com


Ако сакате да научите повеќе информации околу пишување на CV, можете да ги добиете со кариерното советување на Bintern кое можете да го пронајдете на овој линк.