10 совети како да добиете подобри оценки

Кога ќе наближат испитните сесии, студентите стануваат по малку нервозни. Затоа подготвивме неколку совети за следната испитна сесија.

Ти нудиме неколку совети кои ќе ти помогнат да добиеш подобри оценки:
Организирај се
Распоредете кога ќе седнете и ќе учите!
Полесно е да се придржувате до нешто откако сте го испланирале времето конкретно за тоа.
Направи ја домашната задача
Дури и ако не се брои! Важно е целосно да ги разбереш сите домашни задачи за да не заостануваш. Плус нема да мора да учиш толку многу за испити!
Разбери го тоа што го читаш
Има разлика помеѓу читање одново и всушност разбирањето.
Активно апсорбирај ги информациите наместо да ги прелистуваш и не продолжувај додека не ги разбереш целосно!
Прави мнемоници
Користете едноставни трикови за полесно да ги запомните информациите!
На пример, витамини растворливи во масти се витамините Е, К, Д и А (мнемоника КАДЕ).
Учи помеѓу испитите
Обиди се да создадеш навика еднаш неделно да го разгледуваш материјалот што сте го поминале на предавања. Потоа, една недела пред испит, учи по еден час за да го прегледаш материјалот што веќе го знаеш. Тогаш ќе можеш целосно да спиеш претходната ноќ!
Најди група од колеги за учење
Зачини го твоето учење со група од колеги. Ова не само што го прави учењето позабавно, туку е одличен начин да ти помогне да запомниш информации.
Остани мотивиран
Очи вперени во наградата! Запомни зошто се важни оценките! Со тоа што ќе останеш мотивирани и ќе знаеш колку врати се отвораат со добрите оценки, ќе работиш понапорно за да успееш на факултет.
Наспиј се убаво
Додека спиеш, твојот мозок ги преместува фактите од краткорочна во долгорочна меморија.
Така, една од најдобрите работи што можеш да ги направиш за да ги подобриш твоите оценки е добар сон.
Запознај го твојот стил на учење
Повеќето луѓе потпаѓаат под „ВАЧП моделот“... Визуелно, Аудитивно, Читање и Пишување или кинестетичко учење.
Откако ќе го дознаете вашиот стил на учење, ќе станете многу попродуктивни кога учите!
Биди сигурен во себе
Биди сигурен во себе и во твојата способност за учење и ќе видиш промени. Дури и ако треба да го лажираш тоа на почетокот, ќе направиш промени со текот на времето.

Ако ги следиш горенаведените стратегии, со сигурност ќе оствариш одлични резултати на претстојната испитна сесија!
Bintern платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и работа.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com